Упорниот ѓакон на Патријархот Павле

Date:

Share post:

„Религија.мк“ во еден краток фељтонски серијал ќе ви пренесе еден апсект од животот на Патријархот Павле, прикажан преку настани од неговиот живот, кои се прераскажуваат во црковните кругови на СПЦ, но и на останатите православни цркви. Во наредните денови ќе можете да прочитате за „случки од животот на Патријархот Павле“.

(четврти дел)

Маките и ѓаконот

Во зградата на Патријаршијата на СПЦ честопати се прераскажува дијалогот помеѓу Патријархот и неговиот ѓакон кој се случил пред да заминат во црквата која се наоѓа во еден луксузен кварт во Белград

-Како ќе одиме до таму? Со кола ли? –прашал ѓаконот.

-Со автобус, категорично возвратил Патријархот Павле.

-Автобусите се преполни, задушно е внатре, а и не е многу блиску…

-Тргнуваме, кратко одговорил Патријархот.

-Но… додека го прател во движење, ѓаконот се обидел повторно да го разубеди со посериозен аргумент:

-Ваша Светост, лето е, многумина одат на плажа на Ада Циганлија, автобусите се полни со разголени луѓе. Неудобно е…

-Знаете ли, отец – му се обратил Павле, секој го гледа тоа што му се сака..

(продолжува)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...