Украински пастор убиен во напад со дрон додека превезувал храна и лекови

Date:

Share post:

Пасторот Леонид Скуматов останал во својот роден град Мирноград, во Источна Украина, до самиот крај, иако градот постојано бил под постојани обстрели и разурнувања. На 19 септември тој бил тешко ранет во напад со дрон, а следното утро, на 20 септември, починал од повредите, јавува украинскиот портал nv.ua.

Според сведоштвото на неговата ќерка Дарја, пасторот одбил да го напушти градот за да остане покрај луѓето што не можеле да избегаат. Тој редовно превезувал храна и лекови од Павлоград до Мирноград — растојание од околу 130 километри — и тоа го правел до денот на својата смрт.

„На почетокот на месецот татко ми ги однесе ранетите жители на нашиот град до Павлоград, купи таму храна и лекови, а потоа се врати во Мирноград за да го шири Божјото слово и љубовта кон луѓето. Последен пат се јави во четврток – рече дека во петок ќе посети еден осамен постар човек. На враќање дома, беше нападнат од руски дрон… беше тешко ранет, му беше дадена прва помош, но наутро срцето му застана,“ раскажала Дарја.

Доброволецот Андреј Малов сведочи дека Скуматов бил погребан во двор во Мирноград, бидејќи градските гробишта биле недостапни поради воените дејствија.

„Луѓето секогаш го чекаа да пристигне. Тој одеше во град на фронтовата линија, под постојан оган, но секогаш изгледаше достоинствено – во костум и со црвена вратоврска,“ се сеќава Малов.

Пасторот Леонид Скуматов требаше да наполни 70 години на почетокот на октомври.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Свештеник на УПЦ – Московска Патријаршија обвинет за убиство по тепачка во манастирот „Воздвижение на Чесниот Крст“

Прокурорите од Обласното обвинителство во Хмелницки, Украина, поднесоа обвинителен акт против 46-годишен свештеник за нанесување на тешка телесна...

Турција систематски ги прогонува христијаните под изговор на „национална безбедност“

На конференцијата за човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во...

Папата Лав XIV на средба со жртви на свештеничко насилство во Белгија

Папата Лав XIV во петокот попладне се сретнал со петнаесет лица од Белгија кои како деца биле жртви...

Албанскиот Архиепископ на средба со Папата

Архиепископот на Албанија, Јован, пред неколку денови се сретнал со папата Лав XIV. Средбата се случила на маргините...