Три џамии во Скопје и една во Битола ќе бидат реставрирани со помош на Турција. Минатата недела во Скопје Реисот на ИВЗ Шаќир еф. Фетаи, потпишал договор за соработка со Синан Аксy, генерален директор на Управата за вакуфи на Турција
Според протоколот предвидена е реставрација на џамијата „Хасан Баба“ во Битола, како и реставрација на џамиите Балабан, Јахја Паша и Иса-бег во Скопје.
-По посетата на Ријасетот на ИВЗ и потпишувањето на протоколот, делегацијата на Турската управа за вакуфи ги посети Мефтиствата на Скопје и Мефтиствата на Тетово. Во Скопје делегацијата беше пречекана од Муфтиството на Скопје, д-р Кенан Исмаили, а во Тетово од Мефтито, д-р хфз. Селвер Џемаили. Во оваа прилика беа посетени повеќе скопски џамии и Старата чаршија, а во Тетово беше посетена Шарената џамија, велат од ИВЗ.
