Трамп: Сакам да забранам влез на муслимани во САД, но Садик Кан би бил исклучок

Date:

Share post:

tramp 2Доналд Трамп, кој претендира на републиканска номинација за кандидат на американските претседателски избори и кој повика на привремена забрана за влез на муслиманите во САД, рече дека новоизабраниот градоначалник на Лондон, Садик Кан, во тоа би бил исклучок,, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

– Секогаш ќе има исклучоци, рече њујоршкиот милијардер за овој весник, одговарајќи на прашањето како неговиот контроверзен предлог за забрана за влез на муслиманите ќе се примени врз Кан, син на пакистански возач на автобус и кројачка, кој во саботата беше инаугуриран за нов градоначалник на британската престолнина.

Изразувајќи задоволство од изборот на Кан, Трамп рече дека „лидер се станува со давање пример, секогаш е така. Ако (Кан) добро ја извршува својата работа… тоа ќе биде сјајно“.

Трамп изнесе идеја за забрана за влез на муслимани во САД по трагичните напади на исламистичките екстремисти во Париз и Калифорнија минатата година, потсетуваат британските медиуми.

Муслиманските и групите за заштита на човековите права, демократските ривали на Трамп и многу негови противници од редовите на Републиканците го осудија неговиот тогашен предлог како контрапродуктивен и спротивен на американските вредности.

Садик Кан (45), кандидатот на Лабуристичката партија, го порази својот конзервативен противник со рекордна разлика во гласовите.

Зборувајќи за тактиката на конзервативците Кан за британски „Опсервер“ кажа дека „тие го користат стравот во обид да ги свртат различните етнички и верски групи едни против други, како според сценариото на Доналд Трамп“.

Во интервју за магазинот „Тајм“, Кан изрази желба да замине за САД и ги види интересните програми што ги спроведуваат градоначаниците на Њујорк и Чикаги, но истакна дека во посета ќе мора да отиде пред јануари, во случај Трамп да победи на претседателските избори, на 8 ноември.

-Доколку Доналд Трамп стане претседател ќе бидам  спречен да отидам таму заради мојата вера, што значи дека не можам со американските градоначалници да разменам идеи, заклучи новиот градоначалник на Лондон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...