Тимотеј и Иларион патуваат за Софија на изборот на новиот бугарски патријарх

Date:

Share post:

Македонска црковна делегација ќе патува утре и задутре на изборот на нов бугарски Патријарх. Иако Архиепископот Стефан нема да биде присутен, МПЦ-ОА ќе ја претставуваат владиците Тимотеј и Иларион.

Во Софија нема да патува ниту српскиот Патријарх Порфириј, бидејќи двајцата поглавари во истиот период ќе бидат во Битола на Канонизацијата на српската светителка Стефанида Скадарска.

Засега е познато дека Вселенскиот патријарх ќе допатува во Софија на 30 јуни и ќе биде првиот Вселенски патријарх кој во поновата историја на БПЦ учествувал во изборот и интронизацијата на бугарски патријарх.

Изборот и интонизациите на претходните тројца патријарси, Неофит, Максим и Кирил беа без негово учество.

Со Вартоломеј патува и десетчлена делегација на вселенската патријаршија. Во нејзе се митрооплитот Халкедонски Емануил, Андрополскиот Амфилохиј, Деркијскиот Апостол, Писидијскиот Јов, Силиврисјки Максим.

Најава за присуство на други поглавари на помесните цркви во Софија засега нема.

1 COMMENT

  1. Вартоломеј не учествује у избору бугарског патријарха, ни он нити било ко други. Гости ће само присуствовати интронизацији.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...