Terra incognita – сите тотеми паднаа

Date:

Share post:

„Купен мир и тишина, пострашни од војна“ – Архангел

Шарената револуција почна како протест против помилувањето на педесетина политички криминалци, но нејзините корени се подлабоки: движењето АМАН (2009), студентските протести (2014), и Протестирам (2015). Масовноста на студентските протести го најави падот на Груевски, но неспособноста на СДСМ да го канализира револтот му подари уште две години власт. Паниката на режимот кулминираше со „Диво насеље“ – девет загинати, четириесет повредени, и ниту еден вистински одговорен.

Следуваа Пржинските преговори, изборни маневри и конечно избори во декември 2016. Логично, од тој миг требаше да почне ослободувањето на државата:

Пад на Груевски и ДПМНЕ/ДУИ

Декриминализација на институциите

Враќање на системот и институционалната меморија

Обнова на вредносниот и моралниот код

Ништо од тоа не се случи. СДСМ ја презеде власта, но и пороците. Не се исти, ама резултатот е ист. Наместо правда – истите тендери, истата ароганција, истата бездна. Ветувањата за реформи, извршители и монтирани случаи – заборавени. Од мојот говор на протестот во 2016 го украдоа „Нов Илинден“ и „Ќе смениме режим со пенкало“, но не ја сфатија суштината: најголемото предавство е предавството на поколенијата.

Денес, повторно гледаме млади наследници со тендери и пумпи – не се исти, но резултатот е ист. Еколошките барања на триесет здруженија од 2019? Сите прифатени, ниедно исполнето. Дури и Иловица-Штука стана симбол на политичка иронија: концесијата одземена, рудникот уште во игра.

Долги години извршителите и нотарите се најплатената каста во државата – по закон. Ни претседателот нема толкава плата. Пендаровски, кој ветуваше измени, молчи. Во земја на Сваровски-правда, одговорноста е обратно пропорционална со платата. Затоа пресудата за настанот од 13 април 2016 ја сметам за награда, не за казна.

„Демократија е систем за луѓе кои не се сигурни дека се во право“ – Брајан Ино.

Но секоја крими-комедија има крај. Змијата ќе си ја касне опашката. По две децении злоупотреби, администрацијата – столбот на партократијата – се бунтува. Инфлација, празен буџет, домино-ефект од покачувања. Гласачката машина бара свои права, не сфаќајќи дека ја потонува државата што ја храни.

Бродот „Титаник – Македонија“ веќе удри во сантата мраз.

Држ’те се.

(07.04.2022)

Пишува: Владимир Куновски кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од Работничка партија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...