Верски календар: 17 март
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Патрик.
Тој бил роден во 385 година, во Британија. Бил најпрочуен светец во Ирска. Како бискуп со Божјите зборови им се обраќал на кралевите, а нивниот пристап на христијанството го следел народот. Свети Патрик во Ирска го вовел монаштвото. Ирските монаси одиграле голема улога во Европа. Патриковото проповедување на евангелието доживеало успех. Умрел во 461 година.

