Свештениците од Митрополијата на Лариса официјално изразиле поддршка за протестите на земјоделците од регионот на Фесиалија, објавил грчкиот портал за црковни вести orthodoxia.info.
Во заедничкото писмо-изјава тие ја охрабриле јавноста да ја разбере борбата на земјоделците – луѓе на труд кои се соочуваат со тешка економска состојба. Според свештениците, нивниот протест е „праведен“ и бара „справедливо решение од државата“.
Со ваквиот гест, црквата се вклучува и во предизвиците на општественото живеење —настапувајќи сосолидарност кој оние што се во маки и искушенија.
Во последните недели, грчките земјоделци организирале демонстрации и блокади на патишта со цел да гоискажат своето незадоволство од економските политики, падот на откупните цени, високите трошоци и недостаток на поддршка од државата.
Со објавената поддршка, Митрополијата на Лариса не само што покажала разбирање кон нивните проблеми, туку и ја нагласила важноста на дијалогот и справедливоста — како основни принципи за решавање на социјалните кризи.
