Стефан Здравески, свештештеник на Преспанско-пелагониската епархија, повторно, овој пат од пред олтарот зборуваше како најавените дигитални реформи на Владата ќе значат контрола на луќето.
Здравески тврди дека не бил против дигитализацијата, но дека светот го става човештвото пред нови искушенија.
-Се промовира дека нашите телефони ќе ги содржат сите наши податоци. На прв поглед тоа изгледа интересно, но тоа воедно е и пат кон нешто друго. Пат кон целосна дигитална контрола. Кон можност човекот да биде следен, ограничен и поробен пред новите технолошки системи, да биде дигитален код, вели Здравевски.
Погледнете го видеото, на кое неговите следбеници изразуваат поддршка.