Теологот Благоје Пантелиќ, кој во август годинава беше сослушан пред црковниот суд на Српската православна црква, објавил дека по повеќе од пет месеци подготвување на обвинението, црковните власти му оставиле само 14 дена да поднесе приговор.
Пантелиќ на мрежата X наведе дека обвинителниот акт, заедно со придружните документи и „докази“ што претходно не му биле презентирани, има околу 100 страници. „На обвинението работеле повеќе од пет месеци (два црковни суда, патријархот, повеќе епископи, свештеници итн.). А нашата смерност има само 14 дена да одговори… Сериозен предизвик“, напишач Пантелиќ коментар на ситуацијата.
СПЦ никогаш официјално не соопштила зошто Пантелиќ е повикан на одговорност пред црковниот суд, но неговиот правен застапник, адвокатот Божо Прелевиќ, претходно изјавил дека зад постапката стои критиката што теологот ја упатил кон поединечни владици кои ги навредувале студентите. Според Прелевиќ, Пантелиќ во неговите објави на социјалните мрежи дал „вредносен суд“ за епископи што кон студентите упатиле квалификации како „усташи“ и „гебелси“. Тој предупредил дека процесот против Пантелиќ може да создаде преседан – СПЦ да започне со црковни санкции и кон други критички гласови.
Пантелиќ претходно изјавил дека на сослушувањето не му било прецизирано за што точно се товари и дека секогаш дејствувал „во склад со традицијата на Црквата“. Тој исто така посочи дека на неговиот адвокат Прелевиќ не му било дозволено да присуствува, иако се повикувале на два канона кои предвидуваат можност за адвокатска застапеност.
Најстрогата казна што може да му биде изречена е исклучување од црковната заедница, како што и се бара во актот поднесен од црковниот обвинител, а веќе му е изречена забрана за причестување. Пантелиќ во наредните две недели треба да го подготви својот одговор на обвинението, по што црковниот суд ќе ја продолжи постапката.
Сплично, ред црковниот суд бил повикан и теологот Вукашин Милиќевиќ.

