Сомнеж

Date:

Share post:

Во она време поучуваше Исус во една од синагогите во сабота. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи; штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја”. И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бог. А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!” Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?” И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него (Лука 13, 10–17).

Демонските помисли на сомнеж и колебливост, што произлегуваат од самољубието и маловерието, како и стравот, несигурноста и безволноста што ги следат таквите помисли – го ослабуваат и изнемоштуваат духот во човекот, и го држат, врзан преку страстите, за овоземното и свиен, односно насочен кон него – како кон веќе „посигурна“ потпора.

Нема понедостоен начин за човекот како икона Божја, повикан кон боговподобување, да ја изгуби својата боголикост (во секој поглед) и да ја промаши целта за која е предназначен, од насоченоста и сигурноста во минливото и пропадливото. Од оваа и ваква состојба само Богочовекот Исус Христос може да нѐ исцели.

Главната разлика помеѓу крвоточивата жена и жената од денешното евангелско четиво е во нивниот однос кон Богочовекот. Првата има активен однос кон Христос, со сите сили се труди да се допре на вистински начин до Него, и покрај сите внатрешни и надворешни пречки; додека втората е пасивна во однос на Христос, иако нема надворешна пречка да дојде и да побара помош од Него, кога би имала вера.

Значи, едно е да одиме во Црква редовно и само пасивно или формално и бесплодно да учествуваме во нејзиниот преобразителен живот – иако познати на сите; а друго е да одиме во Црква и активно, ама незабележливо за другите, да се обидеме вистински да се допреме до Богочовекот Христос, така што Он да почувствува како сила, што исцелува и преобразува, излегува од Него.

Едно е активно, со сила да го добиеме Царството Небесно и Господ да нѐ прослави пред сите – иако тоа не сме го барале, а друго е Господ, поради крајно бедната состојба во која сме западнале, да се смилува, да нѐ повика и на очиглед на сите да нѐ исцели, и да ја покаже Својата сила и чудотворна моќ.

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...