Во Сабота на 22 март. во сите храмови на Кумановско-осоговската епархија ќе биде отслужена заупокоена Божествена Литургија за починатите во трагедијата во Кочани. По Божествената Литургија ќе биде отслужен Молебен за здравје на сите повредени.
Да се помолиме за нашите во Христа браќа и сестри. Како претстоител во молитвите на народот на Кумановско-осоговската епархија, го изразувам Нашето сочувствување во неизмерната тага и болка на родителите и блиските на загинатите во пожарот, што се случи во Кочани. Господ Бог, Кој ја победи смртта и на светот му даде живот и воскресение, да ги упокои во пределите на живите и праведните, во вечен спомен! Се молиме на Христос Спасителот за оздравување на повредените, стои во сочувството изразено од митрополит Кумановско-осоговски Григориј.