Дебарскиот муфтија Рамазан Хаса, градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и вршителот на должноста градоначалник на Дебар, Хекуран Дука, изразија длабоко сочувство до семјествата на загинатите во сообраќајната несреќа, што се случи во четвртокот попладне на автопатот Скопје-Тетово и загинаа 14 лица.
– Несреќата е искушение што го погодува човечкиот дух, особено она што им се случи на нашите браќа во Гостивар, каде што трагичната автобуска несреќа ги зеде животите на многу млади луѓе, а многумина останаа повредени. Затоа, Дебарското муфтиство упатува искрено жалење и длабоко сочувство до семејства на сите настрадани, со молба до Бога да има милост. На повредените им посакуваме брзо закрепнување и да се вратат во своите семејства, напиша муфтијата Хаса на Фејсбук.
– Со голема тага и жал ја примивме веста за настраданите и повредените во сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово во која се преврте автобус полн со патници, наши сограѓани. Во мое и во име на жителите на Општина Маврово и Ростуше, изразувам искрено сочуство до семејствата на оние кои ги изгубија своите животи во сообраќајната несреќа, додека на повредените, им посакувам што поскоро закрепнување и што поскоро враќање во своите домови покрај своите роднини, пријатели, другари, напиша Куртовски на Фејсбук.
Искрено и длабоко соувство до семејствата на загинатите во несреќата изрази и в.д. градоначалникот на Дебар, Дука,кој на повредените им посака брзо закрепнување.
/МИА
