Сочувство од Архиепископот Стефан за Анастасиј

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан испратил сочувство за смртта на албанскиот Архиепископ Анастасиј, посочувајќи дека „Албанската Православна Црква, но и Православието во целост, со преминувањето на блаженоупокоениот Aрхиепископ Анастасиј изгубија светол евангелски маж, трезвен и мудар пастир втемелен во светото православно Πредание, просветлен богослов на Триединиот Бог, чувар на канонскиот поредок во Црквата и смирен подвижник на благодатта Божја.“

-Неговото благословено и богопосветено дело за Πравославието во Албанија е рамноапостолно, зашто тој толку го возљуби албанскиот народ што стана вистински образец на љубовта Христова, сведочејќи ја љубовта што обединува, љубовта лишена од поделби, љубовта во која нема веќе ни Јудеец ни Елин, зашто сите сме едно во Исуса Христа. Новопретставениот Архиепископ Анастасиј, сè што поседуваше, сета своја животна енергија и секој Божји дар со кој беше удостоен, несебично ги положи како жртва за своето возљубено паство кое во него препозна пастир добар кој животот свој го полага за овците свои. Благословениот труд на блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј се препознава во од темел обновениот црковно–литургиски живот кај православните верници во Албанија и неговиот суштински удел во возобновувањето на сестринската, и со углед украсена ширум Православието, Албанска автокефална Православна Црква, пишува во телеграмата сочувстѕво.

-Дозволете Ни во овие тешки мигови за Албанската Православна Црква, во Наше име, и во името на Светиот Архијерејски Синод, свештенството, монаштвото и на сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ве увериме Вас, како и останатите браќа архијереи на Вашата Црква, но и сите верни чеда и почитувачи на делото на Архиепископот Анастасиј, во нашата искрена и сострадална во Христа љубов со сите вас. Споделувајќи ја тагата со Вас и со полнотата на Албанската Црква за упокојувањето на Архиепископот на Тирана, Драч, и на цела Албанија Анастасиј, Го молиме Христа, Кој и Самиот е Живот и Воскресение, душата на блаженоупокоениот првојерарх Анастасиј да ја насели во местата на покој, во прегратките на праотецот Авраам и во населбите на праведниците. Бог да го прости! Споменот нека му биде вечен!, пишува Архиепископот Стефан

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...