Швајцарија: Казната за носење бурка е 9.200 евра

Date:

Share post:

Во швајцарскиот кантон Тичино е воведена забрана за носење бурка, а ако се прекрши забраната казната може да достигне и до 9.200 евра, објави британскиот „Дејли Телеграф“.

BURKA 1Во тој кантон, кој е претежно населен со римокатолици кои говорат италијански, една двојка е веќе казнета бидејќи не ја почитувала наредбата која стапила на сила во петокот.

Во тамошниот град Локарно на забраната за носење бурка во петокот јавно се спротистави Швајцарка која го примила исламот и еден бизнисмен со француско-алжирско потекло.

Полицијата парично ја казнила и Нора Или, инаку членка на Исламскиот централен совет на Швајцарија, наведува „Дејли Телеграф“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here