Синодот на Руската православна црква, под претседателство на Патријархот Кирил го суспендира Иларион Афеев од Митрополит во Будипешта, поради секс скандалот што неодамна беше објавен. РПЦ ќе го испитува целиот случај, а за тоа време Алфеев ќе биде надвор од црквата.
За состојбата на работите во Будимпештанско-унгарската епархија е формирана Комисија за проучување на состојбата во Будимпештанско-унгарската епархија. За времетраење на работата на споменатата Комисија, привремено се отстранува од управата на Будимпештанско-унгарската епархија митрополитот Будимпештанско-Унгарски Иларион. Привременото управување на Будимпештанско-унгарската епархија да му се довери на патријаршискиот егзарх на Западна Европа, митрополитот Корсунски и Западна Европа Нестор. Да се разреши митрополитот Иларион од функцијата претседател на Синодалната библиско-теолошка комисија и претседател на Меѓусоветската присутна комисија за теологија и богословско образование и да го назначи Неговото преосвештенство епископот Јегориевски Методиј за вршител на должноста претседател на двете комисии, стои во одлуката на Руската црква.

