Се задлабочува судирот меѓу државата и Ерменската црква

Date:

Share post:

Четврт високорангиран клирик на Ерменската апостолска црква бил уапсен во рамки на ескалирачкиот конфликт меѓу државното раководство на премиерот Николај Пашинјан и католикос-патријархот Карекин II. Последниот случај бил поврзан со архиепископот Аршак Хачатрјан, кој бил приведен од Истражниот комитет под сомнение за незаконска трговија со дрога и бил задржан во притвор на два месеца.

Архиепископот бил повикан на службен разговор поради виде оснимка објавена на интернет, но по завршувањето на распитот бил уапсен.

Аршак Хачатрјан има значајна улога во црковната структура: член е на Високиот духовен совет, претседава со Правно-консултативниот комитет и учествува во комисиите за одликувања и дисциплински прашања.

Католикос-патријархот Карекин II остро реагирал, обвинувајќи ја државата за систематска антицрковна политика и политички мотивирани репресии:

„Во тешката состојба во татковината, дополнително загрижува антицрковната политика на властите, кои преземаат незаконски чекори и репресии против високи духовни лица. Тројца јерарси, еден голем национален добротвор и други синови на Ерменија се во затвор. Денес дознавме дека уште еден клирик, архиепископот Аршак Хачатрјан, е уапсен и одведен во притвор. Сепак, исполнети сме со надеж дека ова искушение ќе биде надминато и овие злонамерни напади ќе бидат спречени.“

Апсењето доаѓа во период на силна политичка и општествена поларизација во Ерменија, при што црковните кругови тврдат дека станува збор за притисок и одмазда од страна на власта, додека државните институции формално се повикуваат на кривични истраги. Ситуацијата дополнително го продлабочува јазот меѓу државата и една од највлијателните институции во Ерменија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img