Саудискиот религиски авторитет и Македонија: Дали протоколарниот гест отвора долгорочни прашања?

Date:

Share post:

На почетокот од декември, тивко, речиси незабележитено за општата јавност помина една многу значајна посета на странска верска делегација. Махир Ал-Муајкaли, главниот имам на Каба (Мека), од Саудиска Арабија, беше шест дена во Македонија. Негов домаќин беше Исламската верска заедница, а неговата посета имаше карактер на државно-верска делегација. Во тој контекст беше и неговата средба во Собранието, со Претседателот Африм Гаши. За цело време во придружба на делегацијата е и амбасадорот на Саудиска Арабија од Тирана, кој ја покрива и Македонија.

Ал-Муајкaли, посети неколку градови. Држеше молитви во џамии во Куманово, Скопје, Тетово, каде огромен број муслимани беа присутни. Фотографиите и видеата од настаните покажуваа колкав голем интерес има кај мулсиманските верници за оваа посета.

Посетата на Ал-Муајкaли на Македонија доби историски карактер, но општата јавност остана без сериозна анализа, што би требало да ја има за еден ваков настан.

Таа посета сама по себе не е спорна. Нема спорно ниту во приемот на Ал-Муајкaли во Собранието, од страна на вториот човек на државата. Имамот на Каба е висока религиска фигура, симбол на дел од исламот во светот и неговото доаѓање во која било земја, се третира како дипломатско-религиска чест. Имамот на Каба, во какво своиство, би бил примен и во други, далеку посекуларни држави, од типот на Франција, Германија, што значи чинот сам по себе не е опасност. Но, сепак една ваква посета мора да подлежи на сериозна анализа, особено во контекст на можните последици кога ваквите посети се користат за промоција на идеологија, а не за културна или дипломатска активност.

Посебено важни се односите кон исламот што го негува Македонија, преку ИВЗ и Саудиска Арабија, преку тамошните верски авторитети. Тука има многу важни прашања, кои се многу повеќе од формален аспект на посета.

Разлики во учењата

Саудиска Арабија и Македонија практикуваат две сосема различни исламски учења. Светот генерално препознава три доминатни школи на исламот.

Саудиска Арабија, вахабиско-салафиски ислам, верско учење, во кое доминира вахабизмот (строга салафиска интерпретација), која акцент става на буквално толкување на Куранот. Тоа учење избегнува секаква “иновaција”, обично многу е критично кон суфизмот и шиитите. Односите што тој ислам ги има со државата обично се трансформира во однос во кој државата отворено го спроведува шеријатскиот закон. Поглаварот, или Реисот има огромно влијание врз политиката. Општиот заклучок е дека станува збор за најзатворен и најконзервативен исламски систем.

Египетската школа – „Ал-Азхарска школа“, претставува учење на традиционален сунитски ислам. Тоа е верско учење, чиј центар е Египет. Се нарекува уште и умерениот сунитски ислам, кој преку универзитетот Ал-Азхар образува огромен број еминентни теолози во светот. Има богата теолошка традиција и далеку поумерена интерпретација на исламот од Саудиска Арабија. Во тој ислам акцент се стават и на славење на религиозно-културни настани што вахабизмот ги одбива (маулуд, суфиски зикрови, локални обичаи). Овој тип на ислам се каректеризира и со облеката повеќе разновидна, од хиџаб до модерна западна облека.

Египетскиот сунитски ислам може да гради односи со државите и во секуларни општества. Генерално религијата е многу присутна во општествата, Шеријатот е “главен извор на законодавството”, но не се спроведува толку строго како во Саудиска Арабија.

Третата исламска школа е Турција. Иако поседните години таа бележи сериозни промени, сепак исламот во Турција, останува како посебна школа, која се каректиризира како секуларен модернистички и традиционален. Официјалната институција се нарекува ДИЈАНЕТ и таа има за цел да промовира умерен, турски стил на сунитски ислам. Јавното практикување на верата е многу полиберално. Кај огромен број практикувачи на овој ислам, верата се смета како индивидуален чин. Кога станува збор за односите со државите, верските одредби не се државни закон. Државите имаат контрола на верските практики, а верските институции функционираат по државни регулативи. Религијата можеби е дел од идентитетот, но не загарантирана форма на општествено делување.

Во овој круг на три значајни исламски школи, Македонија е простор во кој исламот има долга историска традиција. На овој простор може да се дефинира дека македонскиот ислам, практично е комбинација на османлиско–балканска традиција. Станува збор за сунитски ислам, дефиниран како умерен и традиционален. Толеранцијата и почитта кон христијаните и другите верски ентитети ја влече од ослманлиската традиција. Има влијание на суфизам, кадерии, бекташии, алевии, најчесто застапени на Балканот. Прифаќа локални обичаи, верата е интегрирана со култура, а не измешана со строга идеологија. Имамите често имаат умерени толкувања и проповеди, со наследена традиција на меѓуверски соживот. Облекувањето е различно, од шамија до модерна облека, а традиционално верниците се лојални, а верата има елементи на приватна. Ова е исламот со столетија го обликувал животот кај Албанците, Турците, Бошњаците, Македонците муслимани и Ромите.

Историски гледано исламските теолози од поднебјето на Македонија најчесто се врзани со учењето на турскиот ислам. Овдешните школи, кои образуваат верски учители се поставени на тие основи. Сепак, последните две децении голем број исламски теолози свое обрзовние стекнуваат и во Саудиска Арабија. Тој процес неколку пати предизвика сериозни потреси во самата ИВЗ, особено во периодот од 2002 до 2006 година. Денес реалноста укажува на тоа дека голем дел од овие теолози се интегрирани во институциите на ИВЗ, иако за многумина тоа е контраверзен, но веројатно неопходен чин.

Затоа, ако во овие околности се анализира посетата на имамот од Каба тогаш треба да се имаат на увид сите можни елементи на евентуални ризици од можна промена на верската карта на Македонија.

Вахабизмот не мора да значи тероризам. Но може да произведе затвореност, одбивање на локалните институции, развивање „паралелни“ заедници. Појава на мали групи кои не ја признаваат легитимноста на ИВЗ, државата или секуларниот закон, што веќе неколку пати се има случено во Македонија. Тоа не е само промена на религискиот пејсаж, тоа носи ризици од примени на култиурните тредиции, тие пак носат опасност од менување на ставовите за жените,  ставовите за културата, за уметноста, за музиката, па се до менување за толкувањето на слободите и правата. Искуствата покажуваат дека сепак овиј вид ислам, надвор од Саудиска Арабија направи сериозни поделми, имами наспроти други имами, џамии контра  пара-џамии, традиционални теолози наспроти салафиски млади ученици. Паралелни структури секогаш се борба за влијание, а тоа е вовед во нестабилност на ИВЗ, нешто што се рефлектира врз целата држава.

Ризици на долг рок

Досегашното искуство од состојбите во ИВЗ покажува дека треба да се биде исклучилегтлно внимателен во однос на тоа дали постои тенеденција за менување на учењето на исламот во Македонија.

Една средба не значи и дефакто опасност. Но, ризик за опасност постои ако тие средби станат чести, политички промовирани, придружени со саудиски фондации и проекти, со притисок врз локалните верски училишта. Тогаш можеме да зборуваме за системско саудиско верско влијание. Таков тип на соработка би значел и менување на структурата на македонскиот ислам. Секое влечење на локалната исламска заедница кон надворешни теолошки модели може да создаде поделби. Овде опасноста не е во имамот на Каба, туку во симболичката употреба на неговото присуство во внатрешната политика. Тоа само по себе може да значи продлабочување на линијата на традиционален ислам наспроти салафиско влијание, со тоа што факторизирајќи го политички неговиот авторитет, може да значи слабеење на авторитетот на домашната исламска верска заедница. Дополнително ако политичарите покажат отворени врати за саудиски религиски авторитети, тоа им дава сигнал на салафиските групи дека има простор за влијание, ја поткопува ИВЗ како локален, традиционален авторитет, може да ги охрабри странските фондации да се активираат и генерално може да го промени религискиот пејзаж на долг рок. Ова е реален и аргументиран ризик, бидејќи слични влијанија има на Косово, Босна, па и во Албанија.

Институциите на системот треба внимателно да ги следат таквите раздвижувања, пред се поради можноста за поткопување на секуларноста, ако политичкиот интерес стане доминантен во религискиот контекст и второ поради опасноста за влијание врз меѓуверските односи во државата.

Македонија има стабилен меѓурелигиски мир. Историски градената култура на македонскиот ислам, како традиционален, умерен, балкански, е препознатлив кај останатите верски заедници. Каква било негова промена е лесно забележителна и таа прво би предизвикала страв, отпор, а тоа води кон дезинтеграција на меѓурелигискиот мир. Таквиот конфликт не би бил само интеррелигиозен, туку би бил и интрамуслимнаски. Христијаните би препознале опасност дека дел од државата се поврзува со најстрогиот модел на ислам. Кај традиционалните муслимани тоа може да се создаде страв од промена на религиското наследство, па се до погрешни перцепции, недоверба, и поделби.

Македонија има уникатен модел на меѓурелигиски соживот, далеку подобар од балканскиот просек. Затоа политички маневри со надворешни верски фигури не се мудри, бидејќи отвараат идеолошки канали, испраќаат збунувачки сигнали, го нарушуваат внатрешниот баланс.

Генералниот заклучок сепак се сведува на варијантата дека може да зборуваме за ризик, но умерен, и реален. Ризик кој е долгорочен, а не непосреден. Ризик кој зависи од тоа дали ова ќе прерасне во практика, врски и преку финансиски фондови. Значи се ова само по себе не е проблем, сè додека не се развие инфраструктура на идеолошко влијание.

Пишува: Марјан Николовски

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here