Рускиот патријарх: Владиката Тимотеј лично го познавав, беше човек со длабока вера

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил испратил писмо со сочувство до Архиепископот Стефан по упокојувањето на митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Во писмото Кирил пишува дека владиката РТимотеј беше човек со длабока вера, потсетувајќи дека лично го познавал.

До Неговото Блаженство,
Блаженејшиот Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит Скопски

Во името на епископатот, свештенството и верните чеда на Руската Православна Црква, како и во мое лично име, упатувам длабоко сочувство до Вашето Блаженство и членовите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија по повод преставувањето на еден од најстарите нејзини архијереи – митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј.

Владиката беше човек со длабока вера, кој својот живот го посвети на работа за доброто на Македонското Православие. Имав чест лично да го познавам покојниот и неколкупати да се сретнам со него. Веста за неговото упокојување ја примив со болка во своето срце.

Господ Исус Христос, Воскресението и Животот (Јован 11, 25), нека ја упокои душата на новопреставениот архипастир во блажените населби на праведните, каде што нема болка, ни тага, ни воздивнување. Вечен и благ спомен!

Со братска љубов во Христа, стои во писмото на Рускиот патријарх Кирил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img