Руската и Српската православна црква ги интензивираат односите. Во Белград е делегација на Руската црква предводена од шефот на руската црковна дипломатија, митрополитот Антониј, заедно со влијателните црковни дипламати од неговиот оддел, Николај Балашов (советник на патријархот Кирил), заменикот на Антониј, Игор Јакумчук и секретарот на Одделот за надворешни црковни врски Николај Васин. Домаќин им бил Српскиот патријарх Порфириј, заедно со бачкиот епископ Иниреј Буловиќ.
Како што објави СПЦ и РПЦ, двете црковни делегации разговарале за украинското црковно прашање, во контекст развој на руско-српските црковни односи.
-Во текот на подолгиот разговор страните детално ја разгледаа состојбата во православниот свет, положбата на канонското православие во Украина, перспективите за развој на руско-српските меѓуцрковни односи, како и низа други прашања од заемен интерес, стои во соопштението .
За време на средбата, телефонски раговарале Порфириј и Рускиот патријарх Кирил. Руската црква објави дека патријархот Порфириј ја „посведочил длабоката наклонетост што православниот српски народ со векови ја негува кон сродниот руски народ. Залог за непоколебливоста на нивното пријателство се блиските братски врски меѓу Руската и Српската православна црква.“
Патријархот Кирил пак му се заблагодарил на Порфириј и ја истакнал важноста „на духовното единство на двете цркви и народите за кои се грижат, посакувајќи му добро здравје и сила, а на братскиот српски народ – мир и просперитет.“
