Русија до 2019 година ќе изработи мозаик на околу 4000 квадрати за најголемиот храм на СПЦ, Свети Сава во Белград. Тоа на одборот за изградба на храмот на Врачар му го соопштил српскиот Претседател, Томислав Николиќ, кој минатата недела беше во Русија.
Мозаикот ќе биде дел од куполите и олтарот. Николиќ кој е и претседател на главниот одбор за изградба на црквата ова го оценил како многу значајна помош од Русија што пак ја покажува цврстата врска на овие два православни народа.