Романскиот патријарх ја осуди руската воена агресија во Украина

Date:

Share post:

Романскиот патријарх Данаил повика на итен прекин на непријателствата во Украина, нарекувајќи ги „војна започната од Русија против суверена и независна држава“.

Патријархот истакна дека романската црква предводена од него го дели ставот на „другите важни институции на Романија и на Европската унија“.

Патријархот Данаил се молеше за заштита на украинскиот народ и миротворна мудрост на сите одговорни политички лидери.

– Се надеваме дека евроатлантските политички сили ќе можат да најдат начин за мирен дијалог за доброто на Украина и на цела Европа. Му се молиме на милосрдниот Бог, Господарот на мирот, правдата и љубовта, да му даде заштита на украинскиот народ и мировна мудрост на сите одговорни политички лидери, пишува во апелот на рпманскиот патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img