Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од ТМРО, Александар Рашковиќ, денеска ја претстави својата советничка листа за Градот Скопје. Она што тој го потенцираше е мултиетничноста и мултирелигиозноста, како карактерна црта на оваа листа за советници. Мултиетничкиот состав, вели дека е предност, што тој ја има.
– Јас како кандидат за градоначалник се издвојувам по тоа што мојата листа е единствена со мултиетнички состав. Се разликуваат и по националност и по вера, па така моите први тројца советници се од различна националност, изјави Рашковиќ.
Кандидатот за градоначалник на Скопје повикува на обединување на различностите како специфична карактеристика на Скопје, која може да понуди просперитет на градот.
– Затоа националностите треба да се поддржуваат и различностите нека не обединат. Ги повикувам сите граѓани на Скопје, на Град Скопје, масовно да излезат и да го заокружат бројот 33, гласајте за нас, вели Рашковиќ.
По првата недела од изборната кампања, тој е задоволен од контактите со граѓаните, вели дека од средбите добил многу пофалби дека се уникатни и навистина интересни во програмата и во кандидатурата.