Рашковиќ: На младите им треба простор за да произведуваат уметност, јас тоа ќе им го обезбедам

Date:

Share post:

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од ТМРО, Александар Рашковиќ ја заокружи изборната кампања. Вели дека измеинативе денови успеале да разговараат директно со граѓаните и да им ја понудат својата визија за модерно Скопје.

Последниот ден од кампањата го посвети за младите уметници пред кои ја претстави неговата програма.

-Ги установивме нивните проблеми. Генерален проблем е тоа што немаат младите каде да се произнесат. Значи во сите државни институции аплицираат, бирократија, документи итн. Чекање. Затоа ние во нашата програма имаме предвидено и ќе го реализираме тоа. Неколку објекти урбани, од кои некои ќе бидат посебно изградени, некои адаптирани на веќе некои стари објекти, каде што ќе можат младите уметници, да творат, да произведуваат уметност и секако поврзување со бизнис заедницата, за да можат тоа да го уновчат. А на крајот и поврзување со меѓународни инситтуции, каде што ќе можат да гостуваат и да ја пласираат културата на нашата држава, изјави Рашковиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...

Архиепископот Стефан се сретна со матурантите од Карловачката богословија

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан имал средба со матурантите од Српската богословија од Сремски Карловци. Скопската епархија објави фотографии...

Од Фатмир Пелуши до Архиепископ Јован: Православната Црква во Албанија – пример за наднационализам и христијанска трансформација

Фатмир Пелуши, роден на 1 јануари 1956 година во Тирана, е поранешен муслиман од Бекташистичката традиција, кој низ...

Русија е лажен „бранител на традиционалното христијанство“, вели украинскиот православен лидер

Во евроатлантскиот простор, руската пропаганда го промовира наративот дека оваа војна е наводно присилна одбрана на „традиционалните вредности“...