Русија изгради целосен систем со наративи кои се користат во комуникацијата со руската публика, но и за злонамерно мешање во информативниот простор на Украина и други држави. Ова се наведува во извештајот „Црквата како оружје“, подготвен од Центарот за стратешки комуникации.
Според документот, системот со наративи може да содржи меѓусебно исклучиви тврдења и да апелира на различни вредности и емоции, зависно од публиката кон која е насочена пропагандата. Сепак, сите овие пораки – директно или индиректно – се подредени на воено-политичките цели на Кремљ.
Три главни цели на руската пропаганда во религиозен контекст
Руската Федерација и поврзани актери систематски ги промовираат наративите поврзани со религиозната ситуација во Украина со цел: мобилизирање на руското општество за учество во агресивната војна (наративи за „света војна“, „сатанизам“, „религиски прогон“, „триедин народ“); дестабилизација на внатрешно-политичката состојба во Украина („братоубиствена војна“, „црковен раскол“, „сатанизам“, „религиски прогон“, „триедин народ“);намалување на меѓународната поддршка за Украина (наратив за „религиски прогон“).
Канали преку кои се шират наративите
Пропагандните пораки се пласираат преку најразлични црковни, државни и парадржавни канали: руски функционери, владини структури, пропагандисти и нивните медиуми; структури на РПЦ во Русија и во странство; поврзани религиозни организации; структури на УПЦ МП; поддржувачки и лојални медиуми; блогери; лобисти и агенти на влијание во странство; како и мрежи од ботови и тролови на социјалните мрежи.
Религиски маскирана политичка пропаганда
Медиумските ресурси на РПЦ насочени кон религиската публика, исто како и „световните“ кремљовски пропагандисти, активно ги рециклираат темите за „украински нацизам“, „државен преврат“, „граѓанска војна“, „нелегитимна власт“, теории на заговор за „надворешно управување“, „западна завера“, „ЛГБТ-диктатура“ – и ги приспособуваат според целната група.
/uaorthodox.com
