Пробиштип: Тоневски најави дом за повозрасните и почит кон пензионерите

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати емотивна порака до пензионерите, истакнувајќи дека тие се темелот на градот и дека нивниот труд и љубов се вградени во секој дел од заедницата.

Screenshot

-Нашите пензионери се темелот на Пробиштип. Тие го вложија своето време, труд и љубов за градот што денес го имаме. Сега е ред ние да им возвратиме — со почит, грижа и поддршка, за нивните денови да бидат мирни, достоинствени и исполнети со радост, порача Тоневски.

Како дел од својата визија за подобар живот на повозрасните сограѓани, Тоневски најави голем проект – обновување и целосна реконструкција на зградата на поранешниот интернат, која ќе биде пренаменета во модерен дом за пензионерите на Пробиштип.

-Зградата на поранешниот интернат, која е изградена по сите стандарди и услови за сместување, ќе ја обновиме, ќе ја уредиме и целосно ќе ја реконструираме. Ќе ја претвориме во дом за нашите повозрасни сограѓани – место каде ќе можат да престојуваат, да се дружат и да ги поминат пензионерските денови во мир и спокој. Просторот околу зградата ќе го уредиме во убаво паркче за дружење и релаксација, истакна тој.

Тоневски нагласи дека Пробиштип мора да гради иднина што се темели на вредностите и делото на постарите генерации. „Да градиме иднина со почит кон оние што ја создадоа основата,“ додаде кандидатот.

Со пораката „За тебе! За твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, Тоневски ги повика граѓаните на единство, солидарност и заедничка визија за достоинствен и хуман Пробиштип.

Видеото може да го погледнете тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...