Британскиот принц Чарлс и сопругата Камила, на својата балканска турнеја имале средба со Српскиот Патријарх Иринеј. Српскиот патријарх го примил принцот во патријаршискиот дворец во Белград, но му организирал посети и на неколку храмови на СПЦ, меѓу нив и на Црквата Свети Сава на Врачар.
Иринеј и Чарлс ја посетиле и патријаршиската црква Свети Симеон, која СПЦ веќе 100 години и ја отстапува на англиканската заедница во Србија за божиќни служби според грегоиријанскиот календар.
Во СПЦ велат дека посетата на овој храм има посебно значење бидејќи таа е симбол на историското пријателство меѓу СПЦ и Англиканската црква.
Пред посетата на српската патријаршија, Чарлс имал средба со претставници на верските заедници во Србија.
Британскиот принц и неговата сопруга на балканската турнеја, која има за цел промовирање на мирот, помирувањето, обновувањето и поддршката за младите, ќе ги посетат Србија, Црна Гора, Хрватска и Косово.
Принцот Чарлс и војвотката Камила ќе го посетат Призрен каде ќе учествуваат на меѓуверската конференција што ја организира косовската влада.
Ова е десеттата посета на принцот Чарлс во овој регион, а прва на војвотката од Корнвол.
ГАЛЕРИЈА:




















