Прилеп го одбележа патронот Свети Никола

Date:

Share post:

По 20-ти јубилеен пат Прилеп го одбележа својот патрон празник, градската Слава Свети Никола. Празнувањето започна со Божествена литургија со која чиноначлствуваше Митрополитот Петар, а заврши со посветување на славскиот колач и позна трпеза за сите граѓани во центарот на Прилеп. Овој ден веќе 2 децении е вистински бренд за Прилеп со кој градот е препознатлив насекаде. Хуманоста, заедништвото и правдата се делата на Свети Никола кои прилепчани ги чуваат до денес како негов аманет.

Денес ако некогаш е најпотребно да се застапуваме за правдата, за праведноста, за верата и за општата правда во општеството, со устите наши, со гласот наш, со совеста што ни ја дал Бог која е гласот божји во секој човек, почнувајќи од децата па се до најстарите, да се застапуваме за праведноста“, истакна Владика Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.

Овој јубилеј ни дава уште поголем мотив да продолжиме да ја негуваме традицијата, меѓусебната почит и солидарноста, заедно да градиме и создаваме иднина за генерациите кои доаѓаат по нас, незаборавајќи ги основните човекови вредности, почитта, дарувањето и грижата за другиот“, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Секоја година Градската слава си има свои домаќини кои си го предаваат кумството едни на други. Годинава Домаќини беа двете прилепски реномирани компании Матадор и Бимфоод, а идната година тоа ќе биде компанијата Рустика.

Сакам да кажам дека голема чест и задоволство беше да се биде домаќин на денешната слава. Прекрасно е чувството и на сите идни домаќини им посакувам поуспешно и поорганизирано од годинава да ја прослават. Ви благодарам за довербата и вниманието кое ни го дадовте“, додаде Игор Стеванов, годинашен домаќин на градската слава.

Граѓаните се горди на традицијата која со векови се пренесува од колено на колено. И големи почитувачи на ликот и делото на големиот православен светител Свети Никола. Денес половина од Прилеп за куќна слава го има Свети Никола, а другата половина од граѓаните им одат на гости.

/Сител

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here