Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, беше единствената од државниот врв, што денеска беше на централната литургија за Свети Климент Охдидски во Соборниот храм во Скопје. Сиљановска Давкова во честитката за државниот празник напиша дела споменот за охридскиот светител Свети Климент Охридски.е врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство.
-Најголемото наследство на Св. Климент се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите, a со тоа да се разберат и себеси, да научат дека не се одговорни само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Под негово водство, нашите краишта, од политичка периферија прераснале во образовен, просветен и културен центар со древниот Охрид како духовна престолнина. Охридската книжевна школа и духовното и уметничко богатство оставиле печат врз европската цивилизација, надживувајќи империи, системи и идеологии заради трајна вредност и човечка универзалност. Празникот е повод да се запрашаме колку од Светиклиментовите вредности на милост, смирение, взаемна помош и разбирање ќе препознаеме во реалниот, секојдневен живот?, вели претседателката.
Инаку денешната литургија во соборниот храм ја отслужи Архиепископот Охридски и Македонски. Стефан, а му сослужуваа Митрополитите: Агатангел, Иларион, Јосиф и Григориј.

