Повикот на Франциск за дијалог меѓу религиите протолкуван како скандал

Date:

Share post:

Последната видео порака на Патата Францеск во која повикува на мир и дијалог меѓу различните религии во светот, предизвика разни реакции во светската јавност. Од тоа дека тоа е порака за обединување и помирување во името на Бог, без разлика на верата, па се до сериозни обвинувања дека Франциск заговарал создавање нова светска глобална религија.

Дел од медиумите во пораката препознаа и контраверзии во реченицата „сите ние сме деца на Господ“, што Франциск ја изговара во видеото.

Видео пораката на Папата Ватикан ја објави на 7 јануари годинава. Во неа тој зборува за обединување на религиите во светот, што е дел од неговата намера за молитви за овој месец.

Видеото на папата претставува глобална иницијатива развиена од Светската молитвена мрежа на папата, со цел да се помога во ширењето на неговите месечни молитви во врска со предизвиците со кои се соочува човештвото.

Поголемиот дел од жителите на планетата се декларираат себе си како верници. Тоа треба да води кон дијалог меѓу религиите.

Ние не треба да престанеме да се молиме за тоа и да соработуваме со оние кои размислуваат поинаку, вели Папата.

Потоа во видеото се појаувуваат мажи и жени од различна вероисповест потенцирајќи кој во што верува.

Јас имам доверба во Буда, Верувам во Господ, Верувам во Исус Христос, Верувам во Господ, Алах…

Многумуна размислуваат различно и чувствуваат различно, го бараат Господ или го среќаваат Господ на разлчни начини. Во оваа толпа, во овој опсег на религии, секако, постои само една единствена за сите: „Сите, ние, сме деца на Господ“, потенцира Франциск.

Заклучокот на сите учесници од различните вери е „Јас верувам во љубов“

Се надевам дека ќе ги ширите моите барања за молитва овој месец
Овој искрен дијалог меѓу мажи и жени од различни религии може да произведе овошје од мир и правда, вели Папата.

Погледнете го видеото и оценете ја пораката на Франциск.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...