Патријархот на Српска православна црква, Порфириј, ќе отпатува во Јордан по покана на кралот Абдулах II, за да учествува на меѓународната конференција „Процесот од Акаба“ (Aqaba Process) – меѓународен форум на тема за меѓурелигискиот дијалог на Балканот и пошироко.
Конференцијата, која ќе се одржи во Витанија, на реката Јордан, на местото каде што свети Јован Крстител го крстил Исус Христос, е закажана за 9 декември и има за цел да ги открие и зајакне мостовите на соработка меѓу религиските заедници, промовирајќи мир, разбирање и меѓукултурен дијалог во регион кој е историски мултиконфесионален. Се очекува да присуствуваат и Ерусалимскиот патријарх Теофил, Антиохискиот патријарх Јован и Албанскиот архиепископ Јован.
Патријархот Порфириј е претводник на делегација која, покрај него, ја сочинуваат и други високи црковни архиереи од СПЦ. Претставниците на Црквата ја гледаат оваа покана како можност да го истакнат својот ангажман во екуменскиот дијалог и зачувувањето на мирот.
Одлуката на СПЦ да биде претставена од својот поглавар, го нагласува нејзиниот интерес за надворешните билатерални и мултилатерални односи, како и стремежот кон дијалог со христијанските, муслиманските и другите религиски заедници.

