Патријаршијата на Романија објавила дека обезбедила 17 тони пивка вода за жителите на регионот Прахова, кои беа погодени од прекин во снабдувањето со вода поради проблеми со инфраструктурата. Кампањата била реализирана преку локалните парохии — Црквата се ангажирала како директен посредник за доставување на основните животни потреби.
Истовремено, во пресрет на Божик, одделни епархиски структури спровеле дел од своите традиционални акции за собирање помош и поддршка на лицата со социјални потреби. Овие акции вклучуваат собирање на храна, облека, дарови или други видови помош за загрозени семејства.
Романската Црква, преку институциите и парохиите се вклучува активно не само во духовниот, туку и во социјалниот живот на заедницата, со цел да даде реална помош на оние што се погодени од кризата. Во ситуации кога државната инфраструктура или јавните служби не се во состојба соодветно да реагираат, црковната мрежа обезбедува поддршка за основните човекови потреби.
Ваквите иницијативи ја покажуваат силно развиената социјална улога на РоПЦ. Ова е јасен показател дека во време на кризи, недостаток на ресурси или системски проблеми, Црквата може да се јави како оперативна алтернатива: посредник за хумани дела, надеж и конкретна поддршка.

