Политичкиот грев на поделбата

Date:

Share post:

„НА КРАЈ политичарите повторно ќе се договорат, а нам ќе ни остане само гревот на поделбата и нељубовта, поради што никој не можеше да нѐ препознае како Христови ученици! А ако Него не Го сведочиме во овој свет, кого тогаш? Да се потсетиме накратко: цел на Црквата е да го преобрази светот, а цел на демоните е од нас – христијаните, да направат свет.

Оваа битка се одвива во овој свет и ние не бегаме ниту од светот ниту од самата битка.

Просто, нам не ни е дозволено светот да го гледаме низ очите на политичарите и да ја шириме нивната пропаганда (тоа се препознава во едностраноста на ставовите и во немањето самокритичност – обично, на тие на кои им припаѓаме сѐ им оправдуваме, а кај другите сѐ ни изгледа црно), туку ние треба да се трудиме да гледаме на светот како што Христос гледал – со саможртвена љубов, и да ги шириме евангелските пораки за љубов и единство во Христос (оти обличјето на овој свет поминува – 1. Кор. 7, 31).

Предуслов за сето тоа е наше лично преобразување во Црквата (просветлување) како здрава и благословена основа за наше сведоштво – во сила, на Христовата љубов како и слобода во и од овој свет – никако пред тоа.
Немаме многу опции:
или ќе бидеме со Христос или со другата опција (со овој свет), во која разликуваме две подеднакво опасни групи – онаа што Го предаде на чело со Јуда, и онаа што Го осуди и распна.

naum 1Нашата (христијанска) забуна е што барајќи ја несвесно сигурноста во овој свет, се определуваме за една од групите од втората опција – најчесто за онаа маскирана во побожен лик, која што всушност Го предаде.

(Неверниците најчесто за другата – која што Го осуди и распна.) Кој има уши – нека чуе“. Нема послушание – нема Причест!..

Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...