Почина Архиепископот на Албанија, Анастасиј

Date:

Share post:

На 95 годишна возраст почнина Албанскиот архиепископ Анастасиј во болница во Атина. Православната Автокефална Црква на Албанија ја објави веста за упокојувањето Архиепископот Тирански, Драчки и на цела Албанија Анастасиј, утрово, иако уште синоќа вест за неговатс смрт се ширеше по социјалните медиму.

-Неговото Блаженство се упокои денес, 25 јануари 2025 година, во 8:30 часот наутро, на возраст од 95 години, во болницата „Евангелизмос“ во Атина, поради повеќекратна органска слабост. Претходно, тој беше хоспитализиран неколку дена во болницата „Хигиа“ во Тирана. Го повикуваме целиот верен народ на Црквата на Албанија да се моли за покојот на душата на покојниот Претстоител, соопшти Апбанската црква.

Архиепископ Анастасиј беше првиот Архиепископ на возобновената Православната Автокефална Црква на Албанија во 1992 година, по нејизниото практично уништување од комунистичкиот режим на Енвер Оџа.

Анастасиј успеа да ја воздигне Албанската црква и од нејзе да направи црква со голема мисонерска и социјално-општествен придонес во албанското општетство.

Анастасиј, по одлука на Вселенскиот патријарх во 2002 година ќе биде назначен за посредни во разговорите меѓу МПЦ и СПЦ. Тогаш ќе ја посети и Македонија. Ќе се откаже од посредништвото поради неуспех.

Архиепископот Анастасиј беше роден во 1929 година во Пиреа, близу Атина, во Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...