По 17. века, служена повторно Литургија во Акаба

Date:

Share post:

Во археолошкиот локалитет Акаба, Јордан за првпат била отслужена Божествена литургија, началствувана од митрополитот на Киријакополеос, Христофор,  што претставува значаен духовен настан за локалната православна заедница.

На богослужението учествувале свештеници од поширокиот регион, како и бројни верници од Акаба и околните села, кои со радост и благодарност го дочекаа овој историски момент за нивната заедница. Во текот на Литургијата било истакнато значењето на Евхаристијата како центар на црковниот живот и како извор на единство и духовна сила за верниците, особено во средини каде Црквата допрва го зацврстува своето присуство.

Ранохристијанскиот храм, кој излегол на виделина во 1998 година, датира од периодот помеѓу 293 и 303 година од нашата ера и се смета за еден од најстарите во светот. Неговата географска локација на границите на тогашното Римско Царство придонела за неговиот опстанок за време на Големото прогонство, и иако бил напуштен, а подоцна уништен од земјотресот во 363 година од н.е., неговото покривање со песок ги спасило ѕидовите, нудејќи денес важни докази за раната црковна архитектура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here