Пловдив стана првиот град во Бугарија кој не прифати забрана за носење бурки на јавни места. Општинското собрание не ги прифати предлогот на „Патриотскиот фронт“ и покрај тоа што се очекуваше дека ќе го следи примерот на Пазарџик и Стара Загора.
За забраната за носење бурки гласале 15 советници, 12 биле против, а практично 21 советник кои биле воздржани го отфрли овој предлог.
Најголем дел од советниците кои гласале воздржано сметаат дека е неопходно прво да се изјасни Парламентот на Бугарија, каде исто така има поднесено иницијатива за забрана за носење бурки на јавни места, а потоа општините да се изјаснат.

