ПИМЕН: „Свети Трифун“ ниту е празник на виното, ниту на пијаниците

Date:

Share post:

Денеска се слават љубовта и виното… Денес им е убаво на вљубените и на пијаниците…  Но, дали славењето на овој православен и католички светец треба да се поврзува со верата или со помoдарството?

Ако се прашаат помладите зошто се слави „Св. Трифун“ или „Св. Валентајн“ ќе ви речат дека денес е денот на виното, односно на љубовта?  И ова не зависи кој од која религија е, туку важно е да се купат подароци и да се слави. Но, ако ја прашате црквата, оттаму ќе ви речат ниту едото ниту другото. Дека целата оваа еуфорија околу славењето на овие два светци немаат врска ниту со виното и пијаниците, ниту, пак, со вљубените.

ММС разговараше со владиката Пимен, митрополитот на Европската епархија, кој на прашањето дали треба да го славиме виното или љубовта, тој децидно ни рече – ниту едното ниту другото!

– Да, јас ќе речам ниту едното ниту другото. Ова не е празник на виното, уште помалку на пијаниците, туку е празник на „Св. Трифун“.  Овој светец воопшто нема никаква врска со виното. Тој е светител на црквата од третиот век. Раден е во Фригија, во Мала Азија, било младо момче и бил воспитуван во христијанската вера. Имал исцелителна моќ и лекувал луѓе со духовни заболувања. Се случило на римскиот имепртор Гордијан да се разболи ќерката и бил повикан да ја лечи. И секако ја излечил. Но, по даѓањето на Трајан повторно почнува да се гонат христијаните и така настрадал. Но, во записите стои дека кога дошле луѓето на царот да го бараат го нашле како чува гуски и затоа на иконите најчесто може да се види насликан со гуска. А во понов период, особено на Балкан се црта со алат за закројување, вели владиката.

Според него причината поради која денот на овој светец го поврзуваат со виното и со пиењето е токму поради тоа што на овој ден се закројуваат лозјата, па лозарите си го земале за свој ден.

-Бидејќи споменот кон него се слави на 14 февруари, а тоа било време кога се закројуваат лозјата и од тука почнува се. Лозарите овој ден го земале како ден за почеток на закројување на лозјата и од тука почна искривувањето на неговиот лик во православната црква. Има региони и каде го нарекуваат Трифун пијаницата, што нема никава врска. Но, како ден кога се почнуваат закројувањата се полива вино и тоа до толку се искомерцијализирало да стане како ден на виното, како што кај католиците „Свети Валентајн станува ден на љубовта. Сето тоа е комерцијализација. Освен тоа „Свети Валентин“ иако го има во православната црква како светител, воопшто не се слави кај нас. Тој е светител од времето кога црквите биле заедно. Но, проблемот е што луѓето го прифтиле тоа под влијание на трговците, за да има за што да се потрошат пари, да се купуваат подароци, па ручеци. Се е за профитот на трговците. И сега како контра мерка на католиците, православните измислија да го слават „Св.Трифун“ за да се пијанат, за да се продава вино и да се наливаат. Се претерува. И името на „Св. Трифун“ поинаку се славел. Луѓето прво оделе во црква, па потоа оделе да го закројат лозјето и да го поеат со вино за да има убав род. А сега се прават софри и се и сешто се измислува. И православните и католиците го искомерцијализираа името на светците, објаснува владиката Пимен.

Целиот ТЕКСТ ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...