Патрониот празник на МПЦ-ОА, Свети Климент беше одбележан и со литургија на Плаошник. Ја отслужи митрополитот на Дебарско – кичевската епархија Георгиј, со повеќе свештенослужители.
На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, кој го читаше Символот на верата.
Ова е редок чин кој може да се види во македонските цркви. Таква можност, да го причита Символот на верата, му беше укажана на Димитар Ковачевски, на сослужувањето во Фанар 2022 година.


