Петар не ги почитува одлуките на Синодот и на Архиепископот – повторно јавно етикетираше претставници на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Владиката Петар повторно редеше непријатели и предавници на Црквата, овој пат во гостување на провладината Алфа Телевизија. Во својот монолог од еден час Преспанско-пелагонсикот митрополит, освен кон Партениј и Бигорскиот манастир етикетираше членови на клирот на МПЦ-ОА и од други епархии. Бараше Синодот да ги протера од црквата сите, за кои Петар смета дека се недостојни или биле расчинети од него.

Овој пат на списокот се најде и Игуменот Гаврил од Австралиско-сиднејската епархија, кого Петар го именуваше со световното име Јане. Тука се и дваесетина свештеници на оваа епархија, за кои Петар смета дека не можат да виршат цинодејствија во МПЦ-ОА, иако тие се легитимни свештеници на Австралиско-сиднејската епархија.

-Ние имаме расчинети свештеници, од нашата епархија Преспанско пелагонсика и во Австралија, досега 24 на број, расчинети, одземени им се чиновите. И сега со тие луѓе што правиме? Се оди на варијантата, као ајде ќе ги помилуваме. Во ред, но има ред и поредок во црквата како тоа оди. Не може некој насилно да ги помилува. Имавме со еден од Австралија, што е расчинет за повеќе престапи. Тоа е Јане, инаку Гаврил му е името монашко. За него има 134 материјални докази за кои проневерил имот од 217.000 долари и со сомнеж бидејќи не пријавувал приходи воопшто од онаа продавницата што ги продавал работите од Струмичката епархија од таму, станува збор за уште 300.000 ама тие не можеме да ги докажеме, но врз оснава на пописот имаме сомнеж, кога се врши приморедавање, коку стока е затекнато и пресметано по 10 години најмалку толку, вели во интервјуто за Алфа, владиката Петар.

Во групата свештеници, монаси, архимандрити, со кои МПЦ-ОА требало да расчисти го спомна и Архимандритот Арсениј, иако директно не го посочи со име. Нему црквата требало да му забрани причест.

-Ние имаме архимандрит во црквата, кој не е расчинет и си шета по белиот свет и може да се причествува како свештено лице, како архимандрит, вели Петар.

Очекувано најмногу време, како и секогаш одвои на Бигорскиот манстир, наговестувајќи дека тој ќе поднел и барање за расчинување на епсикопот Антаниски Партениј.

-И мора нашата цеква за тие што се расчинети, вклучувајќи ги и овие бртатсвото од Бигорскиот манастир, кои што направија два големи упада, а упад во нашата епархија, насилно служење и вршење чинодејство и истито тоа го направи таму во самата епархија во Дебарско кичевска, кога уште не погребан блажено починатиот митрополит Тимотеј, да се седне на тронот, на кој не смее да седне дури ниту првиот човек, поглаварот, тој тоа си го седна и проповеди држеше и сега и очигледно е дека тоа прашање не може да се симне од дневен ред. И особено што цел свет виде како тие правеа т.н, духовни, обоени, шарени револуции за да го спречат изборот на сегашниот избран епископ на Дебарско-кичевската епархија. Во МПЦ има парацрква. Секој што ќе навлезе во туѓа јурздикција, тој мора да биде казнет, најбргу што може да биде. И затоа ние свикавме собор епархиски за Партениј и на тој собор го осудивме тоа и ќе го доставиме матерјалот до САС и покрај оние пет други пријави што ги имаме доставено, изјави Петар.

Овој јавен настап е непочитување на неодамнешните одлуки на Синодот и на Архиепископот, според кои владиците на МПЦ-ОА треба да се воздржат од меѓусебни јавни обвинувања.

За оваа одлука на САС, неодамна во интервју за ТВ Телма информираше портпаролот на Синдот, владиката Климент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img