Пештерата Хира: Место на првата објава на последниот божји пратеник Мухамед

Date:

Share post:

Во деновите кои му претходат на празникот Курбан бајрам, односно деновите кои претходат на обредот аџилак, петтата темелна должност на секој муслиман и муслиманка, верниците пристигнати во Мека ги посетуваат знаменитостите на колевката на исламот, градот во кој се родил последниот божји пратеник Мухамед и ја примил првата објава, јавува Anadolu Agency (AA).

Пештерата Хира, која е сместена на ридот Нур или „Рид на светлината“, околу пет километри североисточно од Мека, е една од неодминливите локации што ги посетувааат идните аџии во деновите кои му претходат на самиот аџилак.

Идните аџии го посетуваат ридот Нур за време на сабах намазот (периодот на утринската молитва), качувајќи се до неговиот врв околу еден час, а потоа по учењето на езанот ја извршуваат утринската молитва, една од задолжителните пет дневни молитви на муслиманите. По клањањето на сабах-намаз, верниците ја посетуваат пештерата Хира, опколена со карпи, до која е тешко да се стигне, но како што велат, особено е вредна за да се посети и види.

Седумдесет и тригодишната Несиде Билиџи за АА изјави дека до пештерата Хира стигнала потпирајќи се на стап, а тешкиот терен не ѝ предизвикал големи потешкотии.

„Како да го опишам ова чувство. Да ме допрете, би заплакала. Го молам возвишениот Алах да им помогне на сите муслимани на светот, каде и да се наоѓаат“, изјави Билиџи.

Абдулах Сариџи (55) во Мека дошол од германскиот град Минхен.

„Ја замислував Ќаба, ја сонував. Ги слушав приказните на дедо ми и татко ми за неа, гледав нејзини слики. Му благодарам на Бога, сега дојдов да ја посетам“, изјави Сариџи.

Посакувајќи единство на муслиманскиот свет, тој рече дека често размислува за тоа како божјиот пратеник Мухамед доаѓал во пештерата Хира и престојувал во неа со оглед на тешкиот терен и самата големина на пештерата.

„Убаво е да се види сето ова. Светлината на нашиот пратеник е тука“, изјави еден од идните аџии Селахатин Серткаја.

На идните аџии, кои по посебни патеки се искачуваат кон врвот на ридот Нур, друштво им прават и животните, како гулаби, мајмуни и мачки.

Пештерата Хира е доволно голема во неа да се исправи или на нејзиниот под да се испружи едно лице. Посебна е по тоа што првата објава на божјиот пратеник Мухамед била доставена токму во неа.

Божјиот пратеник Мухамед имал обичај да се осамува во оваа пештера со месеци, а според некои, и години пред првата објава. Времето го поминувал размислувајќи за состојбата на неговиот народ, предисламските Арапи, кои биле идолопоклоници иако живееле во Мека покрај Ќаба, светиот храм кој го подигнале пратениците Ибрахим и Исмаил (Аврам и Исмаил).

Првата објава пратеникот Мухамед ја примил во ноќта на Кадр, една од непарните ноќи од последната третина од месецот Рамазан, кога наполнил 40 години.

Првите зборови кои ангелот Џибрил му ги доставил на божјиот пратеник Мухамед биле императив: „Учи! Читај!“.

/A.A.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...