Патријарх Кирил: Мојата посета на Албанија е ново поглавје во односите меѓу сите братски цркви

Date:

Share post:

Патријархот московски и на цела Русија Кирил, заедно со поглаварот на Албанската афтокефална православна црква Анастас Јанулатос служеа литургијата во соборниот храм „Воскресение Христово“  во Тирана, во сослужение на свештеници од двете цркви.

– Со братски чувства и со цела душа и чест, ве дочекуваме наш Свет брат Патријарх  московски и на цела Русија господин  Кирил  и посакуваме со посредство и инспирација на Свети Кирил, чие име го носите, да продолжите со вашиот верски придонес, со неговата мудрост поттикната од Бога и неговите големи соништа, му се обрати архиепископот Јанулатос пред почетокот на богослужбата уште еднаш посакувајќи му срдечно добредојде.

Првиот човек на руската црква рече дека неговата посета отвора ново поглавје во пријателските односи меѓу црквите. Во својата беседа се посвети на прогонот на свештениците од комунизмот во Албанија.

– Но, спротивно на намерите на прогонителите, се случило воскресение на религијата, враќање во живот, бидејќи крвта на мачениците е семето на христијанството. Господ ни ја испрати својата добрина и Автокефалната црква на Албанија целосно уништена во минатото, денес воспоставена со нова слава, благодарение на самопожртвуваната работа на нејзиниот примат патријархот Анастас. Се надевам дека со помош на Бога, мојата посета ќе отвори ново поглавје во односите меѓу нашите и сите братски православни цркви, порача патријарх Кирил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...