Папата Франциск: Убивањето во име на Бога е сатанистичко

Date:

Share post:

Папата Франциско, за време на мисата во чест на францускиот свештеник Жак Амел (убиен во јули од џихадисти), одржана во Ватикан, неколкупати повтори дека убивањето во име на Бога е сатанистичко.

Papa Francisk– Колку би било убаво сите деноминации да застанат на ставот – дека убивањето во името Божјо е сатанистичко, рече поглаварот на Римокатоличката црква во присуство на околу 80 верници од епархијата на отец Амел во Руан, северозападна Франција.

Фотографија од убиениот отец Амел беше истакната на олтарот за време на службата во современиот параклис во храмот „Св. Марта”, каде што папата секое утро ја држи својата миса.

– Денес во Црквата има повеќе христијански маченици, отколку во првите векови. Денес страдаат христијани, ги трујат, ги измачуваат, ги убиваат, само зашто не се одрекуваат од Исус Христос. Таа бруталност во принудувањето на вероотстапништво, е сатанистичка, нагласи папата.

– Францускиот свештеник е маченик, а мачениците се блажени (блиски до Бог по смртта). Треба да се молиме за него, за да ни даде на сите нас братство, мир и смелост да ја кажеме вистината: убивањето во име на Бога е сатанско, повтори тој уште еднаш.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...