Палестина повикува на заштита на Ерусалим и Ал Акса

Date:

Share post:

Националното собрание на Палестина упати апел за имплементација на претходно усвоената резолуција на 271 Советот на безбедност на ОН која се однесува на прашањето на безбедност на Ерусалим и комплексот Ал Акса, јавува Anadolu Agency (AA).

al aksaПо повод обележување на 47 годишнина од палењето на Месдџул-харемот, централната џамија во комплексот Ал Акса, Собранието како највисок законодавен орган на Палестинската ослободувачка организација во пишано соопштение изрази остро противење на продолжението на агресивната политика на Израел и израелската блокада на имплементирање на резолуцијата на ОН.

-Израелските злосторства и настојувањето на евреизацијата на Ерусалим и Ал Акса, траат веќе 47 години, се наведува во соопштението.

Во соопштението е упатен повик кон целиот исламски свет, вклучувајќи ја и Организацијата на исламската соработка (ОИЦ), да помогнат на Палестините за да можат да ги бранат своите права, посебно кога станува збор за нападите на еврејските доселеници на комплексот Ал Акса.

Истакнувајќи дека поделбата на Ал Акса ли заедничка употреба на истата е невозможна, од палестинското собрание повикаа на имплементирање на одлуката на УНЕСКО, кој изјави дека Ал Акса им припаѓа на муслиманите, па ја повикуваат меѓународната заедница да го заштити палестинското наследство во Ерусалим.

Денис Михаел Рохан, австралискиот Евреј, на денешен ден во 1969 година влезе во Месџул харем во Ал Акса и предизвика пожар во кој изгореа повеќе вековниот михраб, минбер и други делови на ентериерот на џамијата.

/АА

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...