Контроверзниот црковен процес што Српската православна црква (СПЦ) го води против теологот Благоје Пантелиќ, кој се соочува со можност да биде исфрлен од црковната заедница поради своите јавни изјави за врската меѓу Црквата и државниот врв, станува сѐ поинтересен за јавноста, јавува белградскиот неделник Време. Според Пантелиќ, митрополитот Пахомије му дал стипендија во кеш преку епархијата, додека се во обвинениетоистиот тврди дека двајцата не комуницирале 22 години.
СПЦ иницираше постапка против Пантелиќ уште ова лето, но причините официјално не беа соопштени. Меѓутоа, се претпоставува дека црковните власти сакаат да го казнат поради неговите критики упатени кон врската меѓу Руската православна црква и политичките елити, како и критичките ставови за односите на СПЦ со режимот на српскиот лидер Александар Вучиќ. Пантелиќ доби допис од Црковниот суд на Архиепископијата белградско-карловачка, кој бара казна за него.
Во јавно објавените документи, меѓу кои и писма до Великиот црковен суд, Пантелиќ наведе дека обвинението содржи „голем број неточности и невистини“. Тој истакна дека во август годинава, митрополитот Пахомије доставил делови од неговото досие што датираат од 2003 година и тврдел дека од тогаш не комуницирал со него — што Пантелиќ го оценува како „непристојна лага“.
Теологот дополнително укажува дека самиот патријарх потврдил дека Пантелиќ бил примател на стипендија додека студирал на докторските студии со благослов од митрополитот Пахомије во 2016 година, што според него покажува дека не само што комуницирале туку дека постоеле конкретни црковни интеракции меѓу нив. Тој додава и дека неколку години по 2003 година бил примател на стипендии од Министерството за вера преку неговата епархија, што според него го прави „интересен концептот“ на исплата во кеш.
Пантелиќ исто така укажува на грешки во обвинението, како што е погрешно наведено име на неговото средно училиште и погрешен е називот на факултетот, што за него отсликува недомаќински пристап во формулирањето на документите.
Црковниот суд ќе реши дали Пантелиќ ќе биде исклучен од СПЦ — што, како што самиот теолог истакнува, би значело дека неговото семејство не би можело да го погреба според православните обичаи. До моментот на објавувањето на оваа вест, СПЦ не одговори на прашањата од Време во врска со обвинението и комуникацијата меѓу Пантелиќ и митрополитот Пахомије.
