Пахомије служеше со Архиепископот, а не го спомнува ниту неговото име

Date:

Share post:

Врањскиот епископ Пахомиј бил во манастирот Свети Јоаким Осоговски, кај Крива Паланка, сослужиувал со Архиепископот Стефан, неколку владици на МПЦ-ОА и еден епископ од Бугарската православна црква и се вратил во Врање, од каде го направил најголемото понижување на МПЦ-ОА.

На неговата епархиска страница објавил вест за манастирската слава за Светиот Јоаким Осоговски во која не го ниту споменува името на Архиепископот Стефан, ниту пак името на црквата во чиј манастир сослужувал. Себе си си ја ставил новата титула Архиепископ, го посочил домаќинот на чија покана бил и толку. Дека таму служел Архиеископот на МПЦ-ОА не е важно за споменување, исто како што нема потреба да се споменуваат ѓаконите кои учлествуваат во литургијата. Дека бил на сослужение во друга помесна православна црква, веќе одмна СПЦ тоа не го забележува, така што тој дел и не е некоја новост.

-По повод манастирската слава на Преподобниот Јоаким Осоговски, Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот и митрополит Врањски. г. Пахомије, на покана од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, сослужуваше во Архијерејската Божествена Литургија во Свети Јоаким Осоговски, кај Крива Паланка во Северна Македонија. По завршувањето на литургијата беше поставен камен-темелник за нов манастирски конак, пишува во веста од Врањската епархија.

Но, за да понижувањето биде комплетно, свесно или несвесно се погрижил и домаќинот и тоа уште во најавата за настанот. Во поканата пишува дека „Светата архијерејска литургија ќе ја служи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј“.

Како тоа Архиепископот ќе ја служи литургијата „СО“? Двајца Архиепископи ли се? Што се другите владици, сослужители на двајцата служители? Ако Архиепископот служи, тој чиноначалствува, а сите останати кои учествуваат во литугријата се сослужители.

2 COMMENTS

  1. Религија.мк е против секаков вид на говор на омраза, особено против говорот на омраза заснован на различна верска основа.

    Жално е што токму со овој текст го воведувате она што самите го пропишавте дека е спротивно на вашето уредувачко писмо

  2. Пахомије е известен по педофилски скандали. Не е добродојдовен во Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...