Овчарот без овци е скитник со стап!

Date:

Share post:

Под оваа невидлива пламена грпка, длабоко, подло, иритантно, сфаќајќи го занесот на коварствата, се движиме во обратен правец од логиката, фаќаме залет и влегуваме во борба со пламениот лак на нашето време.

Се презира успехот, се заборава подвигот, се ожалостува скромната секојдневна нужност и барање на верниот народ и свесно се оди против неговата желба.

Се прашувам зошто скромниот и добар професор Ѓоко Ѓорѓевски е наседнат како процеден производ и некои се обидуваат да го замрсат во лавиринтот на властољубието. Скромниот монашки чин што го примил пред неколку дена – верувам со радост, некои веднаш како пилешки батаци му го напумпаа со јероѓаконски, јеромонашки и митрополитска инјекција. Џиновскиот безличен левијатан во црковната ерархија ни го даде вистинското лице на своите намери и коварства, а својата бижутерија му ја потчинија на еден скромен човек. Со други зборови, пронајдоа уште едно повисоко оправдување, уште подобро и позатворено да живеат и работат спроти интересите на својот народ и црква. Го исполнија својот долг кон идолите!

Не сфаќам една работа, имате предлог и велите ќе има избор! Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс! Зошто толку лесно како валкана риса го исфрливте целото монашто искуство и добротвор што 30 години го градел за нашата земја и народ еден епископ каков што е Партениј, кој впрочем беше и заменик владика на оваа епархија. Зарем немаме монаштво што толку брзо увезивте невин човек, та грепкате со раце, касајќи си ги усните, искачувајќи се над толпата викате: распни ги, распни најдобрите!

Мојот Бог – Христос, полн е цврстина, дава правда и безмилосно го избира подобриот. Не се потресува, не води грижа за идолите, ниту за вашите лукавства. Сето тоа го љуби во еден миг, па го дроби засекогаш и одминува.

И уште нешто, како можете да одите против волјата на верниците. Црквата сме ние. Овчарот без овци е скитник со стап! Внимавајте, влегувате во опасност, се препирате со живата црква и одново бескомпромисно сте аутистични на нашата волја.

На професорот Ѓоко кој прими монашки чин му честитам и го молам Бога да го просветли – а тој има капацитет, да го погледне клопчето од мрак што го положуваат врз неговата глава.

Накрај, кога владиците грешат, Бог е во „опасност“, затоа не е чиста добрина со скрстени раце да ја чекаме правдата. Каква вредност би имал нашиот живот ако патуваме од една во друга темнина, а тоа веќе ни се случува повеќе од 30 години!?

Пишува: М-р. Влатко Деловски

2 COMMENTS

  1. Душо, комерцијално монаштво е монаштво во опасност. Стара и неизменлива вистина. Не го претставувај ни својот Старец ни неговото стадо во таа светлина. Ќе испливаат многу вистини и невистини на површина. Инаку, Бог никогаш не е во опасност, има Свои начини да ги сочува Своите и ќе фрли Своја Светлина и на Своите и на човечките избори.

  2. Амин, амин, по читувана Ангелино! (Токму така стојат нештата.)
    Сликата од Ветхиот Завет за градење кула во Вавилон содржи – покрај вештествените правци – и црковни или верски правци на човековото забегување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...