Навредувачка и несериозна, вака митрополитот Европски Г Пимен во изјава за Тв. Телма, ја оцени изјавата на Епископот Бачки Иринеј, дека Македонската православна црква е неука и направила незрел потег со одлуката Бугарската православна црква да и биде црква Мајка.
Реториката на СПЦ дека ние треба да се откажеме од решавањето на нашиот статус со посредство на БПЦ, говори дека ние сме на добар пат кон изнаоѓање решение за црковното прашање, рече Митрополитот Г Пимен.
На Божиќ во таканаречената железна црква во Истанбул, заедничка литургија ќе отслужат вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот Неофит. За МПЦ ова е значајна средба, бидејќи по литургијата тема на разговор помеѓу двете црковни лица ќе биде токму барањето на МПЦ БПЦ да и биде црква Мајка.
Митрополитот Пимен, потврди дека на средбата бугарскиот патријарх Неофит, официјално ќе ми ги пренесе барањата на нашата црква за воспоставување на канонски статус на МПЦ преку нивно посредство.
/TELMA


Me čudi kako.narodot -vernicite ne zemat motki i lopati vo.race