Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на Синај, во кој посветува внимание не присуството на рускиот архимандрит Васијан Змеев, потестувајќи на неговото прогласување за персона нон грата во Македонија и во Бугарија.
Во продолжение целиот текст.
На официјалниот прием по повод ракоположувањето на новиот архиепископ на Синај, Фаран и Раито – г. Симеон – присуствуваше и архимандритот Васијан (Змеев), шеф на Руската црковна мисија во Ерусалим.
Архимандритот Васијан претходно беше раководител на подворјето на Руската православна црква во Софија, заедно со двајца белоруски свештеници, кои беа депортирани од бугарските власти на 21 септември 2023 година. Бугарската агенција за национална безбедност соопшти дека тројцата свештеници „спроведувале хибридна стратегија на Русија со цел да се влијае врз општествено-политичките процеси во Бугарија во корист на интересите на Кремљ“. На сите им беше изречена забрана за влез во земјата во траење од пет години.
Оваа одлука предизвика реакција од руското Министерство за надворешни работи, кое го повика бугарскиот амбасадор во Москва, Атанас Крaстин, за да изрази официјален протест. Руската амбасада во Софија ја оцени одлуката на бугарските власти како „сатанска“.
Значајно е и тоа што и Северна Македонија му забрани влез во земјата на архимандритот Васијан Змејев. Според медиумите во оваа балканска земја, рускиот свештеник во последната година ги координирал сите политички активности на Православната црква на соседната земја во областа на црковната дипломатија, што довело до целосен застој во односите со Вселенската патријаршија во поглед на целосното признавање на нејзината автокефалност.
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во едно интервју откри дека, според информации од пријателски држави, некои митрополити од Охридската архиепископија соработуваат со руските безбедносни служби.

