Оградата околу Црквата Константин и Елена ќе биде отстранета

Date:

Share post:

Металната ограда, која веќе 10 години го крие градилиштето на црквата „Свети Константин и Елена“, на улица „Македонија“, ќе биде тргната од страна на Инспекторатот на општина Центар, пишува Вечер Пресс.

Оттаму велат дека внатре во заградениот простор не се вршат никакви градежни активности и дека време е оградата да се тргне и внатрешниот простор да се расчисти.

Градбата на црквата почна 2012 година и неа ја градеше Македонската православна црква и Фондацијата „Св. Цар Константин“, која што беше формирана од МПЦ за изградба на црквата.

Груевски организираше три донаторски конференции со македонски компании за да се соберат пари за изградба. Градежната компанија „Бетон“, која го градеше објектот, престана со активности поради тоа што не и беа префрлани средства за натамошна изградба и работите. Приватната болница „Ре-Медика“ пред 1,5 година го презеде преостанатиот долг од околу 3,5 милиони евра.

Во 2013 имаше насилни протести пред Општина Центар, организирани од фантомска организација со цел да спречат наводно уривање на црквата од страна на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски. За протестите имаше долго судење што заврши во септември 2020 со затворска казна од 1,5 години за Груевски како нарачател на насилствата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...

Српската национална телевизија ги прогласи Брсјаците за Срби

Брсјаците, заборавеното српско племе, е насловот на документарната емисија што ја објави српската РТС, во која оваа македонска...

Не лажен поп, туку расчинет свештеник бил приведен на гробиштата во Ѓорче Петров

Поранешен свештеник на МПЦ-ОА од Ѓорче Петров, кој неколку години е расчинет, бил приведен од полиција за Задушница,...