Верски календар: 26 Јануари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Тимотеј и Тит.
По Празникот Обраќање на свети Павле, црквата го слави и именденот на двајцата негови ученици и помошници: Тимотеј и Тит. Тимотеј бил роден во Листре во Мала Азија. Татко му бил паганин, а мајка му Еврејка. На своето прво мисиско патување, Тимотеј му се обратил на Павле и оттогаш станал негов најмил ученик. Тимотеј ги вложил сите сили во ширењето на Исусовата Радосна вест. Свети Тит потекнува од паганско грчко семејство. По обраќањето, го следел Павле на третото мисиско патување. Тимотеј и Тит биле добри бискупи и пастири на младото стадо на Христос, на кое секогаш му давале пример на светиот христијански живот.